523
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека само неколкумина претставници на Стејт департментот ширум светот се позитивни на новиот коронавирус.
– Имаме само неколку вработени, можат да се избројат на прстите на една рака, кои се позитивни на коронавирусот., посочи Помпео.
Но тој не прецизира колкав е нивниот број, каде се наоѓаат и дали се вратени во САД.
Помпео истакна и дека Стејт департментот веќе ги ограничил патувањата на американските дипломати.
– Ќе продолжиме да се грижиме за нашиот тим, ќе дејствуваме во согласност со насоките од Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и на професионалнте лекари, кои работат во Стејт департментот.