406
Американскиот државен секретар Мајк Помпео на 7 мај ќе го посети Берлин, при што е предвидено да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Хајко Мас, соопшти Стејт департментот.
Како што се наведува во соопштението од Стејт департментот Помпео на средбите со Меркел и Мас ќе разговара за прашања од заеднички интерес, како што е Западен Балкан, Украина, Русија, Кина и Сирија.
Помпео од 5 до 9 мај покрај Берлин, ќе престојува и во финскиот град Рованиеми, каде на 6 и 7 мај се одржува министерска средба на Арктичкиот совет, потоа ќе го посети Лондон и Нук, главниот и најголем град на данската територија Гренланд.