697
Американскиот државен секретар Мајк Помпео разговарал со бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Како што соопштија од Вашингтон, двајцата соговорници ја потврдиле силата на стратегискиот однос меѓу САД и Бугарија и разговарале за начините за унапредување на партнерството.
Секретарот Помпео ја поздравил посветеноста на Бугарија за воена модернизација, вклучително и неодамнешното купување на осум авиони од типот Ф-16. Тие, исто така, разговарале и за важноста на енергетската диверзификација и борбата против опасните влијанија во регионот.