Американскиот државен секретар Мајк Помпео го честиташе Денот на независноста на Република Македонија и изрази поддршка за евроатлантските интеграции.
-Во име на Владата на САД и американскиот народ, упатувам честитки и честитам на народот во Република Северна Македонија по повод 28 години независност, наведува Мајк Помпео во честитката, соопштено е од Стејт департментот.
Тој го поздравува како историски Договорот од Преспа со Грција и ги поддржува настојувањата на Македонија да се приклучат кон НАТО и ЕУ.
-Вашата постојана посветеност на демократските принципи и владеење на правото придонесуваат не само на иднината на Република Северна Македонија, туку и мирот и безбедноста во регионот. Се радуваме што ќе ве дочекаме вас како наша 30-та членка во НАТО, наведува Помпео.