Американскиот државен секретар Мајк Помпео, денеска на брифинг во Сетјт департментот, меѓудругото, ги повика властите во Белорусија веднаш да ги ослободат задржаните демонстранти.
Државниот секретар прво се задржа на американско-кинеските односи, истакнувајќи дека властите на Кина во последно време прават напори во правец на ограничување на активностите на американските дипломати во земјата и побара возвратни мерки од САД.
Стејт департментот потоа излезе со соопштение за јавноста во кое се вели дека ќе се воведе реципроцитет во однос на активностите на кинеските дипломати во САД.
Помпео изрази увереност во потребата од мирно разрешување на пограничниот конфликт меѓу Индија и Кина. Тој, исто така, ги истакна напорите на администрацијата на Трамп кон подобрување на ситуацијата на Блискиот Исток, посебно во однос на нормализацијата на односите на Израел со неговите соседи.
Помпео побара од властите на Белорусија веднаш да ги ослободат сите приведени за време на протестите во земјата и го повика официјален Минск да запре со насилствата.
-САД разгледуваат воведување санкции кон повеќе лица вклучени во газењето на човековите права во Белорусија, истакна Помпео.
Претходно, заменикот државен секретар, Стивен Биган, предупреди дека воената интервенција на Русија во Белорусија, ќе има „многу негативно“ влијание на односите на Москва со САД и европските земји.