Жителите на регионалниот австралиски град Менинди пронашле милиони мртви риби во нивната река, за кои државните власти тврдат дека е резултат на тековниот топлотен бран, јавува Би-би-си.
Локалните жители велат дека тоа е најголемото убивање на риби што го погодило градот, кој доживеа уште едно значително масовно изумирање пред само три години.
Во објава на Фејсбук, Одделот за примарни индустрии на Нов Јужен Велс (DPI) рече дека топлотниот бран ставил „дополнителен стрес на системот кој доживеа екстремни услови поради големи поплави“.
Топлотните бранови станаа почести, поинтензивни и подолги поради климатските промени предизвикани од човекот.
Планетата веќе се загреа за околу 1,1 степени Целзиусови од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не направат радикално намалување на емисиите.