60
Со поместување на часовникот за еден час нанапред, од два на три часа, ноќеска заврши зимското сметање, а почна летното сметање на времето.
Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.
Во јавноста со години се дебатира за тоа дали промената на времето има влијание врз здравјето на луѓето.