Помалите партии во Собранието се за една изборна единица

by Fokus

Пратениците од ЛДП, Демократски сојуз, ДОМ, Левица, Демократската партија на Турците, ВМРО народна партија, кои се предлагачи на предлог-законот за измени и дополнувања на Изборниот законик, велат дека треба да има една изборна единица, без изборен праг, бидејќи на овој начин ќе се демократизира земјата, но и ќе се зајакне одговорноста на носителите на јавни функции.

„Сметаме дека на овој начин парламентот ќе биде реален. Според анкетите, околу 70 отсто од граѓаните се за една изборна единица и повеќето сметаат дека на тој начин ќе имаат можност за избор за кого ќе гласаат. Вака со шест изборни единици, со системските предности што ги имаат четирите партии, две од власта, две од опозицијата, нема еднакви шанси за политичките партии за да постигнат, условно кажано, изборен резултат. Затоа предлагаме Македонија да биде една изборна единица“, рече Павле Трајанов, еден од предлагачите.

Поврзани новости