Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалиле покривот на образовната институција за време на свеченоста со палење на факели по повод завршувањето на школувањето во тоа основно училиште, потврди за „Вијести“ директорката Ивана Милиќ.
Инцидентот се случил околу десет часот, а во палењето на факлите учествувале сите ученици од деветто одделение.
Од Основното државно обвинителство изјавиле дека немаат информации дали идентификуваните ученици се одговорни за пламенот и дали еден дел од истрагата ќе оди на прашањето како и каде ја купиле пиротехниката.
Директорката рече и дека била свесна дека ќе има факели и дека тоа го очекувале.
-Но, изгледа не се разбравме. Факелите требаше да биде надвор. Бев свесна дека веќе традиционално слават секоја година, а на социјалните мрежи се натпреваруваат кој има подобар факел и кој ќе има подобра прослава. Прво треба да почнеме од луѓето кои им ги продале тие факли и пиротехнички средства, рече Милиќ и додаде дека штом ги видела со факлите повикала полиција.
-Ќе видиме што ќе правиме со воспитно-образовните мерки, бидејќи тие се уште се ученици на нашето училиште, додаде таа.
Вршителот на должноста командант на Службата за заштита и спасување Подгорица Здравко Блечиќ за новинарите изјави дека на местото на настанот излегле пет екипи со 15 пожарникари.