700
Бројот на заразени со Ковид-19 во еден ден во Полска во следните две недели би можел да надмине 2.000 луѓе, изјави денеска полскиот министер за здравство Адам Ниежиелски.
Тој додаде дека мора да се очекува ескалација на пандемијата и оти во следните две недели може да се очекува над 1.500 дури и повеќе од2.000 новозаболени надневно ниво.
Во Полска денеска е забележан рекорден број од 1.967 инфицирани лица во изминатите 24 часа,со што вкупниот број на заразени се искачи на 93.481, а од последици од новиот коронавирус починаа 2.543 пациенти.