Полска со звучен топ ќе се „бори“ против загадувањето

by fokus

Во борбата против постојаниот смог во Полска, научниците тестираат нов „топ“ кој користи звучни бранови за да турка токсични честички во атмосферата и, така да им овозможи на жителите да дишат поквалитетен и почист воздух.

Поставен на врвот на метален контејнер, експерименталниот уред се состои од голем превртен конус кој испушта звук секои шест секунди. Целта е да се отстрани смогот од Калварија Зебрзидовска, којашто како и многу други полски градови, секоја зима се соочува со овој проблем кога граѓаните палат шпорети кои го загадуваат воздухот. Од оџаците испуштаат густ чад, а со заоѓањето на Сонцето потоа, над градот се спушта густ смог.

Воздухот во Полска е меѓу најзагадените во Европа и во најлошите делови од годината постојано ги надминува границите поставени од ЕУ.

– Ние користиме вертикален ударен бран генериран од согорување на ацетилен и воздух. Бранот исфрла загаден воздух на повисоки височини, појасни Доминик Грибос од Металуршкиот и рударски факултет во Краков – еден од пронаоѓачите на топот.

Отровните честички така се испраќаат во висина од неколку стотици метри, што ги прави безопасни за жителите.

– Ако го користиме топот на растојание од половина час до еден час, загадувањето се намалува за 15 до 30 отсто на два – три километри од топот… Ефектите траат меѓу еден и три часа, рече Грибос.

Поврзани новости