Полска ќе купи два сателити за извидување од вселената и станица за да ги прима нивните сигнали од Франција, согласно договор потпишан денеска во Варшава за кој Полска вели дека ќе им овозможи на нејзините вооружени сили рано да ги препознаат заканите.
Министрите за одбрана Мариуш Блашчак и Себастијан Лекорну го одобрија договорот меѓу Ербас и полската агенција за вооружување за опремување на полската армија со два сателити за извидување.
Оваа полска агенција соопшти дека вредноста на договорот е 575 милиони евра и најави дека сателитите ќе бидат во орбитата на Земјата пред 2027 година.
Полското Министерство за одбрана истакна дека благодарение на сателитите, нејзината армија ќе може да добие детални извидувачки снимки, дури и од објекти од 30 сантиметри.
Блашчак го нарече систем за рано предупредување не само за воени закани, туку и за цивилни опасности како природни катастрофи