Полска нема да прати борбени авиони во Украина

by Фокус

И покрај американското зелено светло за Полска да и помогне на Украина со испраќање борбени авиони, официјална Варшава инсистира дека таквата одлука ќе мора заеднички да ја донесе НАТО, потврдија портпаролот на полската Влада Пјотр Милер и шефот на полското Биро за национална безбедност Павел Солох.

-Ако е потребна одлука за испраќање авиони во Украина, мора да има договор во целото НАТО. Не сум слушнал ништо за никакво зелено светло од НАТО за таква одлука. Нема одлука за потенцијално испраќање авиони во Украина – изјави Милер синоќа за ТВ Полсат.

Милер, портпарол на полската влада на премиерот Матеуш Моравјецки, повторно ја демантираше веста дека украински борбени авиони би можеле да полетаат од територијата на Полска, наведувајќи дека „нема ништо такво“.

Инаку, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара авиони од соседите и земјите од НАТО како дел од помошта за испорака на оружје за Украина.

Поврзани новости