Полска не дозволи легализација на абортусот

by Фокус

Полскиот парламент го отфрли предлог-законот за легализација на абортусот до 12-та недела од бременоста, со што Полска остана една од ретките европски земји со многу строг закон за абортус.

Абортусот е легален во Полска само во случаи на опасност по животот и здравјето на мајката и во случаи на бременост што настанала како резултат на силување.

Предлогот на граѓанската иницијатива „Законски абортус без компромис“, кој во четвртокот беше одбиен со гласовите на десничарските пратеници во парламентот, подразбира легализација на абортусот во Полска до 12-та недела од бременоста, а по овој рок само во случај на опасност по животот и здравјето на мајката.

Абортусот требаше да биде достапен за сите жени постари од 13 години. Од 460 пратеници во полскиот парламент, 265 гласаа против законот, 175 гласаа за, а четворица беа воздржани.

Поврзани новости