476
Во Полска синоќа се одржаа протести против омразата и насилството, како одговор на убиството на градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович.
Адамович почина вчера откако завчера беше прободен со нож на хуманитарен настан на невладина организација.
Во Варшава се собраа илјадници луѓе под слоганот „Стоп за омразата“, а слични протести се одржаа и во другите градови на Полска.
Претседателот на Европскиот совет и поранешен полски премиер, Доналд Туск пред насобраните граѓани во Гдањск рече дека ќе го ослободат градот од омразата.
– Ти ветувам драги Павел дека за тебе ќе го ослободиме од омразата нашиот Гдањск, нашата Полска и нашата Европа, рече Туск.