Полска ќе врши ревакцинација со АстраЗенека по 35 дена од првата доза

by fokus

Полска ќе го скрати периодот меѓу двете дози на вакцинирање протов Ковид-19 со АстраЗенека, Фајзер и Модерна, соопшти денеска министерот за полската имунизациска програма Михаил Двирчик.

Најголемо скратување меѓу двете дози ќе биде кај вакцината на АстраЗенека – 49 дена.

Компанијата АстраЗенека при производството на вакцината соопшти дека периодот меѓу двете дози треба да биде 12 недели, односно 84 дена, но Полска одлучи тој период да се намали на 35 дена.

Кога станува збор за дозите на Модерна и Фајзер, периодот меѓу двете имунизации ќе се скрати од 42 на 35 дена.

Поврзани новости