Полска го презема претседавањето со Советот на ЕУ

by Фокус

Полска од Унгарија ќе го преземе шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, при што ќе ги поддржи активностите кои ја зајакнуваат европската безбедност во сите нејзини димензии.

Мотото на претседателството ќе биде „Безбедност, Европа“, што, како што рече претходно полскиот министер за прашања на ЕУ, Адам Шлапка, ги одразува актуелните предизвици со кои се соочува континентот.

Полска го презема претседавањето со Советот на ЕУ во време на неизвесност и загриженост, а според програмата на ова претседателство, се споменува и поддршка за проширување на ЕУ засновано на заслуги.

Поврзани новости