Полска донираше вакцини за Македонија

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче заедно со првата дама на Република Полска, Агата Корнхаузер-Дуда и првата дама на Република Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, го посети Институтот за трансфузиона медицина, кадешто се складирани 200.070 вакцини од производителот „Фајзер/Бионтек“ кои Република Полска ги донираше на Република Македонија.

„Во последните месеци живееме во натпросечно тешка ситуација предизвикана од коронавирусот, непријател кој ги напаѓа народите во целиот свет. Во тој контекст, сметам дека меѓународната соработка е од особена важност, бидејќи само со помош на меѓународната соработка можеме да се бориме со овој непријател. Ме радува тоа што за време на оваа официјална посета на Северна Македонија можам да предадам 200 илјади дози вакцини од производителот Фајзер, како донација за македонскиот народ“, изјави првата дама на Република Полска, Агата Корнхаузер-Дуда, упатувајќи апел за сите оние кои не се вакцинирани, да го дадат својот придонес за постигнување на колективен имунитет и да се вакцинираат.

Поврзани новости