Полска до Нетанјаху: Ако дојдеш на годишнината од ослободувањето на Аушвиц, ќе бидеш уапсен

by Fokus

Полска објави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе биде уапсен доколку ја посети земјата на настани по повод 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц на 27 јануари, во согласност со налогот за апсење на Меѓународниот кривичен суд.

Како што пренесуваат медиумите, полскиот заменик-министер за надворешни работи Владислав Бартошевски изјавил дека Полска ќе ја изврши налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд.

Во ноември, МКС ги обвини Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства.

Според Римскиот статут, потпишан од Полска и сите земји-членки на Европската унија, земјите се законски обврзани да ги извршуваат налозите за апсење на МКС.

На годишнината од ослободувањето на Аушвиц вообичаено присуствуваат истакнати меѓународни лидери, но оваа година израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар ќе биде единствениот официјален претставник на Израел на настанот.

Не се очекува да присуствува претседателот Исак Херцог, а израелските власти одбија да потврдат дали Нетанјаху планира да присуствува.

Поврзани новости