Полoвина Врховен суд предложен за разрешување, Bангеловски бара од колегите решение за да се спасат самите

by lali

Врховните судии не може да одлучуваат за тоа кој закон, дали поблагиот или построгиот, ќе важи при разрешувањето на судиите, бидејќи имаат судир на интереси. Од 18 врховни судии, колку што има во моментов, против 9-мина од нив се отворени постапки во Судскиот совет за разрешување од функциите, пишува СДК.

Претседателот Јово Вангеловски е еден од судиите кои имаат постапки за разрешување, за постапката околу пуштањето од притвор на избеганиот бизнисмен Сеад Кочан во мај 2017. Тој, според законите, не ни смее да ја води седницата со ваква точка на дневен ред, каде е тој лично засегнат.

За случајот Кочан, постапки за разрешување се водат за Вангеловски и за уште двајца врховни судии, кои биле дел од петчлениот кривичен совет и кои иако немале правна основа и начелен став од Врховниот суд, сепак гласале за укинување на мерката притвор за Кочан.

Во другата група се уште петмина врховни судии, предложени за разрешување за бегството на обвинетите во „Тврдина-Таргет“ Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Постапка се води и за уште две врховни судијки кои ги пријавил во Судскиот совет Вангеловски.

Поврзани новости