Младината на политичката партија Демократско Движење, денеска пред МОН протестираше против промените во Законот за субвенционират оброк на студентите, преку која МОН го ограничува користењето на истото.
„Ние, студентите, до крајност сме иритирани затоа што покрај малиот субвенциониран оброк, со која можеме да си дозволиме само пола бургер во специјалните локали за храна, Владата сега ни го ограничува и неговото користење, така што, ова го оценуваме како срамно однесување кон нас идните академски граѓани. Со одлука на МОН од оваа учебна година, тиа малкумина студенти кои придобиваат од оваа субвенција, им се наметнува овие средства да ги трошат со диктат, од понеделник до сабота, и тоа 140 денари во ден, во специјални места за храна и без право на повлекување на готови средства“ рекоа на протестот.
Овој чин, според нив е оценет како срамен, „по скандалот на покачување на нивните плати, министерот за Образование добива преку 120 илјади денари месечно, или преку 6.000 денари дневен надоместок, додека на нас студентите и тие 140 денари кои ни ги доделува државата како за милост, не спречува да ги трошиме каде сакаме и на што сакаме“.
„Бараме субвенционираниот оброк да се покачи на 300 денари, без рестрикции како истите ќе се потрошат, или 6.000 денари месечно, толку колку што министрите добиваат за еден работен ден. Ако МОН имало средства да плати толку скапа апликација да не контролира како ние го трошиме дневниот оброк, тогаш нека најдат средства со ребаланс на буџетот и да ни нудат студентски оброк во вредност од 300 денари на ден, за сите студенти без селектирање и да ги тргнат прстите од нашата скромна чинија“ рекоа студентите.