Половина од младите лекари кои добиле лиценца сакаат да работат со заразени со корона

by Frosina Fakova

Повеќе од половина од вкупно 66 млади лекари кои месецов го положиле стручниот испит и добиле лиценца за работа од Лекарската комора ќе работат со пациенти заразени со Ковид-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со заменик министерот,Арменд Арслани денеска се сретнале со младите лекари, од кои повеќе од половина изразиле желба да работат со пациенти со Ковид.

-На средбата младите доктори ја поздравија измената на Законот за здравствена заштита од јануари, минатата година, со која се овозможи секој дипломиран доктор кој се стекнал со лиценца веднаш да почне со шестмесечна пракса за која првпат добиваат надомест од 30,000 денари месечно.

Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа, соопштуваат од Министерството за здравство.

Поврзани новости