Агенцијата „Ројтерс“ објави статистика дека во јуни во просек на секои 24 часа умирале 4.700 луѓе.
Статистиките на „Ворлдометар“ покажуваат дека најголем број од смртни случаи се регистрирани во САД 128.437. Во Бразил досега има 57.658, а во Велика Британија 43.550. Во Италија досега се регистрирани 34.738, во Франција 29.779, додека во Шпанија 28.343.
Овој статистички веб-сајт, објавува и статистика по бројот на починати на милион жители, па според тоа на прво место е Велика Британија со 642 смртни случаи на еден милион, понатаму Шпанија со 606, Италија 575, Франција 456, а во САД и Бразил стапката изнесува 388 односно 271 на милион жители.
Бројот на досега дијагностицирани случаи со ковид-19-пак, е над 10 милиони, а на оздравени 5,5 милиони.