За време на викендот во источна Стереа и Евија ударите на ветерот ќе достигнат и до 100 километри на час, поради што е издадено портокалово предупредување за пожари во Грција.
Претстојниот викенд се очекува да биде метеоролошки тежок, бидејќи, според прогнозите, во повеќе региони од земјава ќе дува силен ветер што ќе ја зголеми опасноста од пожари.
Поради високата опасност од пожари, министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас апелираше граѓаните да бидат подготвени и да соработуваат со надлежните органи.
„Почнувајќи доцна вечерва и во текот на целата сабота и недела попладне, половина од земјата се чини дека е во портокалова боја поради ризикот од шумски пожари од невремето. Така во портокалова боја ќе бидат Митилини, Хиос, Самос, Икарија, сите острови на Кикладите, Евија, Беотија до Ливадија, Атика, префектурата Коринт, Аркадија, Арголис, Лаконија, Китира и цел Крит, искрено ги замолувам сите наши сограѓани да соработуваат со државната машинерија која е внимателна и целосно подготвена“, апелираше министерот.