Полна кафеана во Желино по 21 часот, сопствениците агресивно ги нападнале полицајците

by fokus

Двајца сопственици на кафеана во тетовско Желино добија кривична пријава, бидејќи и покрај забраната, угостителскиот објект им бил отворен по 21 часот, а во него имало гости.

-СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д. (20) и А.Д. (22) двајцата од с.Желино, тетовско, за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 16.11.2020 во 21.45 часот, во с.Желино, од страна на полициски службеници била извршена контрола во угостителски објект, сопственост на пријавените, во врска со почитување на мерките и протоколите со цел спречување на ширење на ковид-19, при што угостителскиот објект бил отворен, а во него биле затекнати други лица. Притоа, пријавените почнале агресивно да се однесуваат кон полициските службеници кои вршеле службени дејства. А.Д. и А.Д. биле приведени во СВР Тетово, информираат од МВР.

Поврзани новости