461
Државјани на Полска се тепале со тинејџерка во центарот на Скопје, информираат од скопската полиција.
Според МВР, настанот се случил утрово во 00:30 часот, кога пред угостителски објект на подрачје на Центар од полициски службеници од СВР Скопје лишени од слобода се К.К.(30) и М.М.Б.(38) двајцата од Р.Полска затоа што според пријавеното учествувале во нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу нив и женско лице С.Т.(19) од Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.