311
Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско, потврди денеска за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол на Сектор за внатрешни работи Велес.
-На 01.08.2024 во ОВР Неготино било пријавено дека во 19.35 часот на улица ,,Маршал Тито”, службено возило на МВР ,,шкода јети”, управувано од полициски службеник И.П.(46) од Неготино, удрило во пешакот Х.Т.А., 42-годишна од село Тимјаник, неготинско. За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола при МВР и јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино, појасни Ѓаковска.