Илјадници луѓе во главниот град на Холандија, Амстердам, протестираа против владините ковид- мерки.
За време на протестите дојде и до судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Притоа, едно полициско куче нападна демонстрант, а ситуацијата беше драматична, бидејќи кучето не го пушташе човекот.
In #Amsterdam, #Netherlands, a massive #protest is taking place over the #Covid restrictions and the rigorous #lockdown that companies have been subjected to for several weeks. The rally was prohibited, yet an estimated 25.000 people are attending nevertheless. pic.twitter.com/c4WRk2raRh
— 🅽🅴🆆🆂🅵🅻🅰🆂🅷 🆃🅵 (@newsflash_TF) January 2, 2022
Локалните власти го забранија протестот, наведувајќи дека полицијата има индиции дека некои демонстранти се подготвени на насилство.
Издадена е итна наредба за насобраните да го напуштат Музејскиот плоштад, а полицијата ги растера демонстрантите на околните улици.
Пред пристигнувањето на полицијата, некои учесници развија транспарент во близина на музејот на Ван Гог на кој пишуваше „Помалку репресија, повеќе внимание“.