403
МВР информира дека во текот на вчерашниот ден спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 396 возачи.
Информациите се дека од нив четири возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа, 182 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 214 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.