559
Македонскиот полициски синдикат соопшти дека зема активно учество во изготвувањето на Законот за Агенција за разузнавање, со кој треба да се изедначат правата околу условите за пензионирање на вработените со посебни должности и овластувања во Агенцијата за разузнавање и вработените во Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност.
„Македонскиот полициски синдикат дава целосна поддршка за што поскоро донесување на истиот и исправување на повеќегодишната неправда“, истакнуваат од таму.