Македонскиот полициски синдикат се надева и на јавна поддршка на ова барање од причини што сите граѓани на Република Северна Македонија се свесни за жртвата и посветеноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи во насока на зачувување на здравјето, имотот на граѓаните и јавниот ред и мир во овој период на владеење на светска пандемија од вирусот Covid 19.
-Ги охрабруваме сите вработени во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансова полиција да продолжат со посветеното и пожртвувано извршување на своите службени задачи, а на Македонскиот полициски синдикат да ја остават борбата за сите нивни права од работен однос со надеж дека во најкус временски период ќе ја добиеме наградата од најмалку една просечна плата во Република Северна Македонија, порачуваат тие.