333
Во текот на вчерашниот ден (06.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 536 возачи.
Од нив 36 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 262 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.