Полицискиот радар „улови“ 369 возила кои се движеле побрзо од дозволеното

by Fokus

Вчера Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 369 возачи.

Од нив 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 199 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 170 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости