409
Полицискиот хеликоптерот исфрли над 20 тони вода на шумскиот пожар близу штипското село Пиперево, соопшти Минисетсртвото за внатрешни работи. Според информациите од полицијата овој пожар е локализиран.
-Денеска одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селото Пиперево, го упати упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран. Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над 20 тони вода, соопшти МВР.