707
Дваесет и осум лица синоќа не ја почитувале забраната за движење од 22 до 05 часот.
Како што соопшти МВР, во текот на изминатото деноноќие за мерката за носење лична заштита на лице регистрирани се 369 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.