481
Во текот на изминатото деноноќие 75 лица на ниво на целата држава не ја почитувале забраната за движење, при што лишени од слобода се 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Од Министерството информираат дека изминативе 24 часа на територијата на државата, на 102 лица им се издадени решенија за изолација, а 15 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.