Полицискиот час го прекршиле 40 лица, 528 санкции за неносење маска

by Fokus

Од 20.00 часот (27.04.2021) до 05.00 часот (28.04.2021) констатирано е дека 40 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие (27/28.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од МВР, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 528 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Поврзани новости