Полицискиот час го прекршиле 35 граѓани, од кои 19 биле приведени

by fokus

Во тек на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, велат од МВР.

Исто така според статистичките податоци на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација. При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се двајца граѓани кои не ја почитувале мерката за самоизолација.

Поврзани новости