Полицискиот час го прекршиле 28 лица, 566 санкции за неносење маска

by Fokus

Од 22:00 часот (29.03.2021) до 05:00 часот (30.03.2021) констатирано е дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење, додека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 566 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Поврзани новости