Полицискиот час го прекршиле 22 лица

by Fokus

Полицискиот час во Скопје го прекршиле 11 лица, а на територијата на земјата вкупно 22 лица кои биле затекнати на отворен простори. Казнети се и 525 лица кои во изминатото деноноќе биле затекнати без маски на лицето.

Во изминатите седум часа во временскиот период од 22 до 05 часот полицијата затекнала 22 лица кои не ја почитувале забраната за движење, а 11 од нив се регистрирани на територија на СВР Скопје.

Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на земјата, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 525 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата заради спречување на ширењето на ковид-19.

Поврзани новости