Полицискиот час го прекршиле 20 лица, маска не носеле над 500 луѓе

by Fokus

Министерството за внатрешни работи информираше за прекршувањата на полицискиот час, но и неносењето на маската на теротиријата на Македонија.

„Од 22.00 часот (28.03.2021) до 05.00 часот (29.03.2021) констатирано е дека 20 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (28/29.03.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 572 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19“, велат од МВР.

Поврзани новости