583
Од 23 часот синоќа до 5 часот изутринава констатирано е дека 18 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (11/12.05.2021), пак, на територијата на државава за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 441 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.