Македонскиот полициски синдикат денеска реагира на формирањето на нов синдикат, го обвини техничкиот минитер Наќе Чулев и го повика да ги извести вработените во МВР кој негов советник е заразен со корона вирус.
-Македонскиот полициски синдикат како еден и ЕДИНСТВЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН синдикат кој функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи (што некому дефинитивно многу му пречи) користејки ги неотуѓивите права предвидени во Колективниот договор на МВР да се грижи за своите членови и сите вработени во Министерството за внатрешни работи го повикува министерот за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев наместо да ги пушта своите полтрони и „квази синдикати-поединци” да лајат по улици и на пресови, да излезе во јавноста и на транспарентен начин да ги извести нашите членови вработени во МВР, посебно тие кој што работните места им се во 1 зграда во кругот на министерството, кој е неговиот советник што е позитивен на Covid 19, а се со цел да се скенира состојбата и да се утврди кој се бил во контакт со истиот, да се стават во самоизолација со што би се спречило евентуално ширење на заразата.
Од овде сакаме да ја искористеме можноста да потенцираме дека како синдикат секогаш ќе бидеме на страната на полициските службеници кои чесно и професионално ги извршуваат своите работни задачи, па затоа би сакале да апелираме до сите вработени во МВР да останат имуни на влијанијата од дневно-политички карактер и да бидат доследни на целосно операционализирање на законитоста и законите, како алфа и омега на полициското работење, се вели во соопштението.