Понекогаш навистина треба да се запрашаме во каков свет живееме. Имено – како што пишува Auto Zeitung – автоматизиран радар со инсталирана камера во белгиската провинција Киевраин фотографирал автомобил кој наводно возел со брзина од 696 km/h.
Познат е дури и типот на автомобилот, а тоа е Opel Astra. Откако на прекршителот му се „прости“ вообичаената толеранција која важи во Белгија, крајната брзина изнесувала 654 км/ч, односно Astra поминала дури 193 метри за една секунда. И тоа во зона каде што дозволената брзина е 50 km/h, пренесува Index.hr.
Меѓутоа, на полицијата воопшто не и била сомнителна, па на сопственикот на астрата – очигледно најбрзиот автомобил во историјата на Опел, ладнокрвно му испратила казна од 6.597 евра.
Не е познато дали возачот се жалел на оваа казна, но нема да бидеме изненадени доколку долгата рака на правдата пресудила дека машината не може да згреши и дека возачот веројатно успеал да ја достигне таа брзина.