Полициски претрес во Кавадарци, пронајдено оружје

by Fokus

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес – Одделение за внатрешни работи Кавадарци, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, вчера извршија претрес во домот на М.Т.(50) од Кавадарци.

Од МВР информираат дека при претресот се пронајдени и одземени 273 парчиња боева муниција, кал. 7,62х39, 173 парчиња муниција, кал. 9х19, 240 парчиња маневарска муниција, кал.7,62х39, 13 парчиња муниција, кал. 7,65, 2 парчиња муниција кал.12,7, пиштол „Црвена застава“ без рамка за куршуми, и пиштол „Црвена застава“ кал.9 мм со рамка.

– Со М.Т. е извршен разговор, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на Министерството

Поврзани новости