Полициски претрес во дом на струмичанец

by fokus

Полиција изврши претрес во дом и помошни простории на 28-годишен струмичанец и пронајде воздушни пушки, марихуана, мобилни телефони.

„На 27.02.2019 во периодот од 10:30 до 12:40 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претреси во дом и помошни простории сопственост на С.Г.(28), од кои две на локација во Струмица и еден дом во село Петралинци. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, две воздушни пушки, цевка од воздушна пушка, мобилни телефони, 16 стари монети и еден стар прстен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од МВР.

Поврзани новости