734
Полициските кордони успеаја да ги разбијат демонстрантите на главната улица кај Јаја Паша. Полициските кордони ги притиснаа демонстрантите од двете страни, па тие се разбегаа низ споредните улички, а дел од нив се сокрија во џамиите.
Нашиот репортер на теренот забележа како еден полицаец беше однесен на скопската клиника со амбулантно возило. Полицаецот беше видно повреден и лежеше на земја. Предмалку беше приведен и еден од демонстрантите, кој исто така имаше видни повреди на лицето.
Иако голем дел од демонстрантите се разбегаа, дел од нив се уште не се откажуваат, ја држат тензијата палејќи контејнери и поставувајќи барикади.