Полициски час за невакцинираните во Либан

by Fokus

Либанските власти најавија дека ќе воведат ноќен полициски час за невакцинираните пред почетокот на божиќните празници.

Министерот за здравство Фирас Абијад го опиша овој потег како една од мерките за запирање на неодамнешниот пораст на инфекција со коронавирус и мерки на претпазливост поради појавата на нов сој.

Либан нема регистрирано ниту еден случај на инфекција со омикрон, но малата земја се соочува со сериозна финансиска криза и е загрижена дека нејзиниот здравствен систем нема да може да се справи со новиот висок пораст на инфекции.

Таканаречениот одбор за ковид сака да избегне воведување на целосно затворање и се надева дека ќе поттикне вакцинација на повеќе луѓе, рече министерот.

Заради новите мерки до 10 јануари е задолжителна целосна вакцинација на службениците од јавна и безбедност, припадниците на армијата и вработените во здравството, образованието и туризмот.

Министерот предупреди дека во спротивно ќе останат без работа.

Либан минатата недела забележа зголемување на инфекциите за 34 проценти, со повеќе од 1.000 нови инфекции дневно.

Во таа земја со шест милиони жители, околу 670.000 луѓе се заразени со корона вирусот од 2020 година, а речиси 9.000 починале.

 

Поврзани новости