935
Комисијата за заразни болести предлага да има полициски час од 22 до 05 часот, но само во критичните општини, односно во општините од Скопје, Куманово, Тетово, Липково и Штип, дознава „Фокус“
Во последните денови бројот на заболени од коронавирус во овие општини драстично се зголеми, а во горенаведените општини имаше целосен полициски час за време на продолжениот викенд.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.025, бројката на оздравени пациенти е 1.646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.226.