Претреси во МВР, осомничени началници и повеќе вработени за злоупотреба на тендери за сервисирање на возила

by Fokus

Полицијата утрово врши претреси во зградата на МВР, каде, според информациите, се одзема службена документација во канцеларии на началници и вработени во повеќе организациски единици.

Според неофицијални информации, почната е истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендерски постапки за сервисирање на службените возила на полицијата и МВР.

Акцијата, која ја води Бирото за јавна безбедност, во исто време се спроведува и во неколку економски оператори, меѓу кои о добро познати автосервиси кои до сега години наназад ги сервисирале возилата на полицијата и во кои исто така утрово се вршат претреси.

Поврзани новости